Утрински Весник
Македонија

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19

Известување на МТСП за корисниците на правото за надоместоци за помош и нега од друго лице и за попреченост

Скопје, 5 април 2020 (МИА) –  Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Оттаму нагласуваат дека продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека заштитата на мајчинството е примарно, а грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата нема алтернатива. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Сообраќајка со пет возила на автопатот Штип – Миладиновци

Започна Велигденскиот пост – 24info.mk