Утрински Весник
Спорт

Глеб: Никогаш порано толку многу земји не купиле преноси од првенството на Белорусија

Глеб: Никогаш порано толку многу земји не купиле преноси од првенството на Белорусија

Минск, 4 април 2020 (МИА) – Легендата на белорускиот фудбал, поранешниот играч на Арсенал и Барселона, Александр Глеб, кажа дека во светот постои голем интерес за националното првенство во неговата татковина.

– Сите читаме, слушаме светски вести, разбираме што се случува. Ние ја следиме ситуацијата. Досега е решено да се продолжи првенството. Понатаму, ќе се види како се развива епидемиолошката состојба во земјата. Тешко ми е да додадам нешто овде. Само ќе кажам дека како никогаш досега толку многу држави откупија преноси од фудбалскиот шампионат на Белорусија, изјави Хлеб.

Во Белорусија, некои играчи, навивачи, новинари веќе повикуваат на прекин на првенството, но тоа досега не се случи. Оваа е една од ретките земји во светот каде се одржуваат спортски настани и покрај прогласената пандемија на коронаворус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство