Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Во моменти на тешка здравствена криза моите мисли се со Кумановчани

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи

Скопје, 4 април 2020

Во овие моменти на тешка здравствена криза, но и економска, моите мисли се со Кумановчани каде заразата се шири со значителна прогресија. Куманово секогаш бил слободарски град, првенец во многу работи.

Денес, Кумановчани како и сите ние имаме поинаков предизвик, борбата против короната. Меѓу луѓето со право владее страв и неизвесност. Но, нема поефикасна борба од таа да се почитуваат мерките за самоизолација и да се остане во домовите. Воедно, во овие тешки мигови моите мисли се и со здравствените работници, полицијата кои се во првите редови во борбата поротив заразата.

Додека сите ние во времето на полицискиот час седиме во домовите, има луѓе кои даваат се и се борат. Загрижен сум што процентот на заразени доктори и здравствени работници станува се поголем. Секој човек ни е важен и секој живот вреди.

Да ги рушиме стереотипите и да не се стигматизираат луѓето заразени од овој опасен вирус.

Македонија е земја на хуманоста и таа била одлика на нашиот народ со децении и векови. Без оглед на ислучоците, хуманоста е лицето на Македонија. Заедно ќе се бориме и заедно ќе победиме, затоа што ја сакаме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт