Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фејсбук профил сподели спот со кој на граѓаните им се објаснува како да се грижат за своето ментално здравје за време на кризата предизвикана од коронавирусот.
Во спотот има шет препораки за граѓаните како да го направат тоа. Првата е да го ограничат времето за информирање и следење вести, втората е да имаат дневен план и распоред на активности, а третата е да се релаксираат и да негуваат позитивни чувства. Со четвртата препорака им се сугерира на граѓаните да практикуваат физичка активност, со петтата да се хранат здраво, а со шестата да одржуваат постојан контакт со блиските.
Истиот спот го сподели и министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил. вј/вг/
Не заборавајте да се грижите за своето ментално здравје за време на КОВИД-19 кризата. Споделете и следете ги овие совети
Posted by Oliver Spasovski on Сабота, 04 април 2020