Скопје, 4 април 2020
Додека Зоран Заев и неговите функционери танцуваат со пандемијата, граѓаните ја бијат животната битка за егзистенција и за сопственото здравје.
Граѓаните на Република Македонија се борат со опасна сиромаштија, а СДСМ и Владата импровизираат и носат нереални мерки.
Најефикасна помош за граѓаните е Заев и неговите соработници да ги остават суетата и политиканството на страна и да ги прифатат мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ за спас на економијата и работните места.
Дополнителната дупка во буџетот и лошите мерки се резултат на неработењето и несериозноста на владата предводена од СДСМ.
Незаинтересираноста на владата предводена од СДСМ во врска со работниците кои во овие моменти се соочуваат со откази и без месечни примања докажува само дека оваа влада се занимава само со тендерите и богатењето на своите соработници.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.