Утрински Весник
Македонија

Облачно со повремен дожд и снег на повисоките планини

Облачно со повремен дожд и снег на повисоките планини

Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Времето денеска во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се двиќи од 2 до 6, а максималната од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од  три до 10 степени.

И во недела ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.скс/вг/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”