Утрински Весник
Македонија

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час

Спасовски: Нема драстично намалување на бројот на вработени, работниците да не потпишуваат откази

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски вечерва на неговиот фејсбук-профил упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.

– Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација, напиша Спасовски.

Тој посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни лица од Комисијата за заразни болести.

– Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.см/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наближува циклон и носи поројни дождови, грмежи и невреме

Синот на Мицкоски матурант: Премиерот јавно му честиташе

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто