Утрински Весник
Македонија

Владата донесе Уредба за примена на Законот за ААВМУ за време на вонредна состојба

Владата ја одржа 34-та седница
Dik 300x250 mk

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Уредба со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, беше усвоена на денешната седница на Владата.

Со Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба се регулира поднесувањето на пријави во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за реемитување на програмски сервиси на странски радиодифузери кои операторите планираат да ги реемитуваат на својот програмски сервис за територијата на Република Северна Македонија, операторите ги доставуваат пријавите во ААВМУ.

Подзаконските акти донесени од ААВМУ согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги продолжуваат да се применуваат се до донесувањето на соодветните подзаконски акти определени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, информираат од владината прес-служба. дма/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца