Утрински Весник
Македонија

Одобрена набавка на 200 респираторни машини

Одобрена набавка на 200 респираторни машини
Dik 300x250 mk

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – За време на вонредната сосотојба во земјава ќе бидат набавени 200 респираторини машини.

Владата, на денешната 34-та седница ја разгледа и усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со корона вирус за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со законска сила.

– За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб страницата, кое ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство, соопштија од Владата. см/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?