Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Димитриевски повика на смиреност, бидејќи колективното здравје е приоритет

Забраната за влез и излез од Куманово за редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз

Куманово, 3 април 2020 (МИА) – Кумановци се подготвуваат за полицискиот час што почнува од вечерва од 21 часот. Дел од граѓаните побрзаа да се снабдат со намирници, пред се храна. На социјалните мрежи кумановци  попладнево споделуваа фотографии од граѓани пред супермаректите.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на социјалните мрежи повика на смиреност, истакнувајќи дека тие што немаат можност да се снабдат ќе добијат асистенција овие два дена.
-Почитувани сограѓани, бројот на позитивните од Ковид 19 во Куманово евидентно се зголемува.
Одлуката за ограничување во движење е неопходна, треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата. Дали требаше да се најави, да секако, Општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 март, тоа што поединци, целово ова време неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат препораките и мерките на Штабот и Владата не доведува сите во сеопшта опасност од пандемија. Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена, напиша Димитриевски на ФБ.
Тој посочува дека колективното здравје е приоритет број еден.
-Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома, повика Димитриевски.
Забраната за движење завршува во пет часот во понеделник. ам/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба на министерот Тошковски со косовскиот министер за внатрешни работи Свечла

Претрес во скопско: Пронајден кокаин, лишен од слобода криминалец баран со потерница

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, нови директори во бројни институции