Утрински Весник
Спорт

Премиер лига ќе нема ниту во мај

Премиер лига ќе нема ниту во мај

Лондон, 3 април 2020 (МИА) – Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај. На вонредниот состанок денеска, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови.

Поради прекинот на Премиер лигата, англиските фудбалски клубови бележат големи финансиски загуби, а како одговор на тоа се најавите за понуди на договори за играчите со 30 отсто помали плати.

Договорено е да се формира и фонд од 125 милиони фунти за помош на оние тимови кои подлабоко ќе западнат во криза.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус на 11 март оваа година. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност