Утрински Весник
Македонија

Притвор од 30 дена и три кривични пријави за жител на тетовски Пирок

Притвор од 30 дена и три кривични пријави за жител на тетовски Пирок

Тетово, 3 април 2020 (МИА) – Судија во претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 денови, а полицијата поднесе три кривични пријави за 33-годишниот М.А од Пирок кој ноќеска беше приведен поради повредување  полицаец, оштетување полициски возила и наплатна рампа на патарина. Триесет и тригодишникот беше уапсен ноќеска околу полноќ во тетовско Сиричино.
-Попладнево судија во претходна постапка му одреди притвор во времетраење од 30 денови. За осомничениот се поднесени кривичини пријави според член 292 од Кривичниот законик за тешки дела против општа сигурност, а во врска со член 288 предизвикување општа опасност, како и според член 206-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. М.А (33) потоа е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Вчера за време на полицискипт час тој со возило не застанал на полициска контрола во Топлица и Врапчиште. Притоа удрил и повредил полицаец. Продолжил да бега по автопатот Гостивар-Тетово каде оштетил една наплатната рампа.  На локалниот пат за Сиричино удрил и оштетил и две службени возила на МВР.  Таму во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили, по што е лишен од слобода.ас/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”