Утрински Весник
Македонија

Потпишан договор за изградбата на новиот објект “Бамби“ на градинката “Фидани“

Потпишан договор за изградбата на новиот објект “Бамби“ на градинката “Фидани“

Скопје, 3 април 2020 (МИА)Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска потпиша договор за изградба на новиот објект „Бамби“ на детската градинка “Фидани” во Чаир со Министерството за труд и социјална политика.

Како што наведуваат во соопштението од Општината, со ова се е спремно по завршувањето на вонредната состојба да почнеме и процесот на изградба.

Оваа капитална инвестиција, стои во соопштението, ќе изнесува 150.600.910 денари и ќе обезбеди просторен капацитет со современ стандард за 350 деца во предучилишното образование.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија ќе ни даде четири локомотиви за влечење на товарни вагони

Лицата кои беа заглавени во куќа во Светиниколско се безбедно евакуирани

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица отворен на одреден период