Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Комерцијална банка ги информира корисниците на кредитни картички за правни лица дека е објавена Јавна понуда за промена на договорните услови со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на кризата предизвикана од Ковид – 19 (корона вирусот).
Согласно понудата, Комерцијална банка одобрува грејс период од шест месеци за плаќање на достасани обврски по основ на кредитните картички за правни лица, период во кој Банката нема да пресметува минимален износ за плаќање.
Целосната понуда е достапна на следниот линк:https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=3570&lang=1&uc=1
Од Комерцијалната банка ги повикуваат Понудата внимателно и детално да ја разгледаат и да одлучат дали ја прифаќаат или ја одбиваат.
Доколку ја прифаќаат Понудата, потребно е најдоцна до 10 април 2020 година до 16:00 часот да ја известат Банката електронски или писмено. Во спротивно, ќе се смета дека ја одбиваат понудата.
Комерцијална банка во соопштението наведува дека за време на ваќбоста на понудата ќе го стопира извршувањето на трајните налози за пренос на средства од трансакциска сметка на правното лице за покривање достасан долг на кредитна картичка за сите клиенти.
Доколку сакаат да извршат уплата, како што наведуваат од Банката, треба да го направат самостојно.скс/ дма/