Утрински Весник
Македонија

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Целосна забрана за движење во Куманово од вечер во 21 до понеделник во 05 часот

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во петок (денеска) до 5 часот во понеделник, напиша на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

– За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби, пишува Спасовски на фејсбук. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несекојдневен протест во Охрид: Со СУП даски направија блокада во езерото

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје

Пукано во автомобил во Арачиново, двајца повредени