Утрински Весник
Економија

ССМ: Работниците да не потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос

ССМ: Работниците имаат право на платен одмор по прогласување на вонредна состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија апелира до работниците да не потпишуваат бланко листови, ниту спогодби за престанок на работниот однос во ситуација во која фирмите се соочуваат со кризата што ја предизвика коронавирусот.

– Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работниот однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

И надлежните институции препорачуваат работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а од работодавачите се бара да покажат солидарност и да понесат дел од товарот.

Од Државниот инспекторат за труд апелираат работниците да го пријават кое и да било присилно отпуштање од работа. Посочуваат дека постапуваат секаде каде ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски најавува нова фаза во економските односи со Обединетите Арапски Емирати 

ЦГК истражување: Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори, потпишани договори за 97 милиони евра