Утрински Весник
Македонија

Со пристапот „трговија без контакт“ непречен извоз во и од Турција

Извозот во првите осум месеци со раст од 7,3 отсто

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – „Трговија без контакт“ е пристапот што почна да го применува Турција за непречено одвивање на трговската размена без да дојде до контакт меѓу луѓето и да се создаде каква било можност од евентуална зараза со коронавирус.

На компаниите им е дадена можност за замена на приколка, полуприколка или контејнер, а оние што нема да го почитуваат пристапот „трговија без контакт“ ќе треба да ги запазат процедурите за карантин.

Ова го објави Стопанската комора на Македонија на својата интернет страница.

-Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија во соработка со Стопанската комора на Македонија, Ве информира за ново донесените мерки за транспорт на стоки и непречена трговија од страна на Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи на Република Турција. Преземените мерки за спречување на епидемијата (КОВИД-19) од Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи на Република Турција, се применуваат на начин да не биде спречена слободната трговија. Во овој контекст Република Турција започна со имплементација на пристапот „трговија без контакт“ кој за цел има ограничување на контактот од лице до лице како и спречување на можноста за заразување, стои во соопштението до компаниите.

На страницата е објавен и дописот од Турската амбасада што МИА го пренесува во целост:

„Амбасадата на Република Турција го изразува своето почитување кон Министерството за надворешни работи во Република Северна Македонија и има чест да извести за долунаведените состојби. Преземените мерки за спречување на епидемијата (COVID-19)од Министерството за здравство и Министерството за внатрешни работи на Република Турција се применуваат на начин да не биде спречена слободната трговија. Во овој контекст нашата земја го прифаќа пристапот „трговија без контакт“ кој за цел има ограничување на контактотод лице до лице како и можноста за заразување. Имајќи ја предвид оваа состојба, на компаниите им е дадена можност за замена на приколка, полуприколка или контејнер. Компаниите кои нема да го претпочитаат пристапот „трговија без контакт“потребно е да ги пратат процедурите за карантин.Амбасадата љубезно замолува од Министерството за информирање на соодветните органи во врска со наведените состојби.Амбасадата на Република Турција ја користи оваа прилика да го обнови своето најдлабоко почитување кон Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија“.

Стопанската комора денеска соопшти дека се прават максимални напори за непречена трговија и за обезбедување на потребните суровини и репроматеријали. мч/са/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот