Утрински Весник
Македонија

Словенечка донација за МВР вредна 110 илјади евра во заштитна опрема

Словенечка донација за МВР вредна 110 илјади евра во заштитна опрема

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

-Имајќи го предвид моментот во која помошта доаѓа таа е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот, истакна министерот Чулев.

На предвањето на помошта присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

-Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна Јазбец.

МВР, додаде Чулев, останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување соодветна заштитна опрема за своите вработени со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија