Утрински Весник
Македонија

НСРР: Најостро го осудуваме насилството врз девојката од Штип

НСРР: Најостро го осудуваме насилството врз девојката од Штип

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Националниот совет за родова рамноправност – СОС национална мобилна бесплатна линија остро го осудува насилството врз девојката од Штип.

– Бараме примена, најостра, на Законот за насилството, вели претседателката на НСРР, Савка Тодоровска, која ги повика жртвите на насилство, истото да ги пријават на бесплатната линија 141 700.

Инаку, денеска Основниот суд во Штип одреди осумдневен притвор за двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда. Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. По објавувањето на видеото, двајцата штипјани беа приведени.

Тие по одлуката на судијата на претходна постапка ќе бидат однесени во кумановскиот затвор. Обвинителство наредната недела,  до судијата на претходна постапка треба да достави обвинителен предлог, по што судијата ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор. ир/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка