Утрински Весник
Македонија

Осумдневен притвор за двајцата штипјани кои тепаа девојка

Приведени три лица од Трубарево поради физички напад и грабеж
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 3 април 2020 (МИА) – Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип донесе одлука за осумдневен притвор за двајцата штипјани, на возраст од 23 и 26 години, кои пред два месеци малтретирале и тепале девојка во влез на станбена зграда.

Видеото кое го снимале вчера беше објавено на социјалните мрежи. Двајцата штипјани по одлуката на судијата на претходна постапка се носат во кумановскиот затвор.

Обвинителство наредната недела, до судијата на претходна постпка треба да достави обвинителен предлог, по што тој ќе треба да донесе нова одлука за мерката притвор.

МИА и претходно информираше дека Основниот јавен обвинител, Ристе Бојаџиски побара да им се изрече мерка притвор на двајцата штипјани, кои се товарат за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Според законот, казната за сторители кои се огласуваат за виновни по ова дело се движи од шест месеци до пет години. вдј/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен