Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски: Побарав од Јанша помош, денес стигна првиот авион со заштитна опрема за нашата држава, благодарност до пријателите на Македонија, да бидеме солидарни

Мицкоски: Пакетот мерки е недоволен и задоцнет, кризата ќе се продлабочи

Скопје, 3 април 2020

Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанез Јанша.

Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави.

Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети. Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија.

Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт