Кичево, 3 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 21:00 часот на втори април до 07:00 часот на трети април, едно лице во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.
Како што информираа портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во истиот период не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.
-Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Извршени се 59 контроли на евидентираните лица со решение за изолација, од кои три во Кичево. Спроведени се 260 контроли врз лицата во самоизолација од кои едно лице е од Кичево, рече Димоски.
Полициските службеници извршиле 56 контроли на угостителски објекти. рз/мд/