Утрински Весник
Македонија

Измени и дополнувања на железникиот возен ред за време на полициски час и за викенди

Измени и дополнувања на железникиот возен ред за време на полициски час и за викенди

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Од Железници на Република Северна Македонија – Транспорт АД Скопје информираат дека од 6 април од 00:00 часот ќе биде воведен нов План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење за време на полициски час од 21:00 часот до 05:00 часот и за време на деновите во викенд.

Возови кои ќе сообраќаат:

– релација Велес – Скопје – Велес:

– воз бр. 601/2080/2081/2082 – со поаѓања од Скопје и Велес по возен ред.

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

– воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија по возен ред, и

– воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.

– релација Скопје – Кочани – Скопје:

– воз бр. 651 по возен ред, ќе сообраќа до Велес.

– воз бр. 650 од Велес со поаѓање во 16.50 часот

– релација Скопје – Битола – Скопје:

– воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 642 со поаѓање од Битола по возен ред,

– воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 645 од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме, со поаѓање од Скопје во 19.15 часот и ќе сообраќа до Велес, и

– воз бр. 640 од Битола со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +151 мин. со поаѓање од Битола во 05.45 часот,

– релација Скопје – Кичево – Скопје

– воз бр. 660 со поаѓање од Скопје по возен ред,

– воз бр. 661 со поаѓање од Кичево по возен ред,

Возови кои нема да сообраќаат:

– релација Скопје – Табановце – Скопје изостануваат следните возови: 600, 601, 611, 2020, 2022,

2023, 2024 и 2025 (Известување бр. 807/2 од 25.03.2020 година); o релација Скопје – Велес – Скопје: изостанува воз бр. 2083 и воз бр. 600;

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје: изостанува воз бр. 631 и и воз бр. 630 на релација Гевгелија – Велес,

– релација Скопје – Битола – Скопје: изостанува воз бр. 644 и воз бр. 645 на релација Велес –Битола,

– релација Скопје – Кочани – Скопје: изостанува воз бр. 650 на релација Кочани – Велес и воз бр. 651 на релација Велес – Кочани,

Сообраќај на возови во деновите за време на викенд (сабота и недела): Возови кои ќе сообраќаат во сабота:

– воз бр. 661 од Кичево,

– воз бр. 640 од Битола и – воз бр. 630 од Велес.

Во недела патничките возови нема да сообраќаат

Во понеделник патничките возови:

– воз бр. 661 од Кичево, нема да сообраќа,

– воз бр. 640 од Битола, нема да сообраќа,

– Ќе сообраќа, ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес, со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, како врска за возот бр.630 на релација Велес – Скопје со поаѓање во 06.45 часот. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор