Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб во Делчево одлучи да ја продолжи мерката за затворање на градскиот пазар

Кризниот штаб во Делчево одлучи да ја продолжи мерката за затворање на градскиот пазар

Делчево, 3 април 2020 (МИА) – Градскиот пазар останува затворен, а во Делчево ќе се постават два пункта за дезинфекција на возилата за влез во градот. Ова се дел од заклучоците донесени на редовниот состанок на Општинскиот кризен штаб во Делчево кој беше свикан на иницијатива на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, а на кој учествуваа сите надлежни институции од градот вклучени во борбата со заразата од Ковид-19.

Трајковски ги информираше присутните за активностите на институциите кои се преземаат за спречување на појавата и евентуалното ширење на болеста предизвикана од коронавирусот.
-Освен мерките за дезинфекција на сите јавни објекти, урбаната опрема, јавните површини и улиците во градот и селските средини кои се вршат во континуитет, во тек е изработка на два система за дезинфекција на возилата кои ќе се постават на двата влеза во Делчево, рече Трајковски.
Додаде дека од два мобилни тима од Општина Делчево досега се дистрибуирани 4.700 заштитни маски за повеќекратна употреба, а општината обезбедила и 15 скафандери за еднократна употреба.
-Освен маските, доставени се и 150 антибактериски гелови за раце, 500 пара заштини ракавици за еднократна употреба за вработените во сите инстутуции на локално ниво, воспитно-образовните институции, банки, пошта, бензински пумпи, маркети, мали продавници во градот и населените места, нотарските канцеларии, ординациите на матичните лекари, ОО Црвен крст и други, додаде Трајковски.
Во моментот во Делчево во тек е и хуманитарна акција за собирање донации за подготовка на социјални пакети, а на барање на наши иселеници, отворена е девизна донаторска сметка, додека денарската сметка е во постапка на отворање. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци