Утрински Весник
Магазин

Вонредната состојба и децата кои не одат во градинка

„ТВ училница“ и денеска на МРТ

Белград, 3 април 2020 (/) – Речиси и да нема родител на дете од градинка, кој овој период на вонредна состојба не се прашува – како да го занимава, но и како да го скроти своето малечко, односно како да минат квалитетно време во изолација, а тоа сепак да не бидат само цртани филмови, таблети и мобилни телефони.

Гордана Радојчиќ, директорка на приватна градинка во Белград, пред сѐ, советува – останете дома! Останете доследни во изолација со своите деца!

За квалитетно искористување на времето дома, таа ги препорачува оние забавни, но и едукативни Јутјуб-емисии, кои се корисни и за децата и за родителите и коишто практично покажуваат што всушност децата прават децата в градинка секојдневно. Но, исто така, таа ги повика родителите да не заборават на својата строгост.

– Секогаш кога има криза, родителите „омекнуваат“ и правилата што важеле порано, некако престануваат да важат поради сите тие надворешни фактори. Затоа, ги повикувам родителите да останат доследни во нивниот начин на воспитување и да продолжат со правилата, затоа што сѐ ова ќе помине, изјави Радојчиќ.

Според неа, децата кои се навикнати на другарчињата и на групната игра, интеракцијата и комуникацијата, сега треба сѐ тоа да го најдат и во семејството.

– Родителот треба да се вклучи во детска игра и суптилно да го насочува малечкото, додава воспитувачката.  си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста