Утрински Весник
Спорт

Дрогба и Ето кон Европа: Африка не е ваша лабораторија

Дрогба и Ето кон Европа: Африка не е ваша лабораторија

Париз, 3 април 2020 (МИА) – Изјавите на двајца доктори во програмата „ЛЦИ“ на француската национална телевизија, во која тие предложија тестирање на вакцината „БЦГ“ во Африка, за да се тестира способноста и лекувањето на коронавирусот, беа пресретнати со жесток одговор на неколку светски познати фудбалери со африканско потекло, вклучувајќи ги и Дидие Дрогба и Самуел Ето.

Тие започнаа дебата на социјалните мрежи во која го споделија видеото на двајцата лекари Жан Пол Мира и Камил Лохт. Под него, играчите упатија навреди кој медицинските лица, како и сите Европејци.

„Ку ***ни синови, Африка не е ваше игралиште“, напиша Самуел Ето.

Поранешниот фудбалер на Челси, Демба Ба, исто така, се придружи на разговорот: „Добредојдовте во западниот свет, каде што белците се сметаат за такви супериорни суштества, што расизмот станува банален“.

Дрогба, исто така, не молчеше: „Африка не е лабораторија, луѓе таму не се свињи за тестирање. Овие зборови на лекарите се одвратни. Не смееме да го трпиме ова“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство