Утрински Весник
Спорт

УЕФА сака националните првенства да бидат завршени

УЕФА ќе формира агенција против местење натпревари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нион, 3 април 2020 (МИА) – Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и европските лиги ги повикаа сите 55 членки на Европскиот фудбалски центар да не ги „напуштат“ своите првенства и да ги завршат таму каде е можно.

– Исклучително е важно што дури и таквата криза како оваа епидемија не ги спречува нашите натпреварувања да се одлучуваат надвор од теренот, според правилата и титулите да се решаваат врз основа на резултати. Ова е токму она што треба да го обезбедиме, се додека постои последна шанса тоа да се стори, се вели во писмото на УЕФА, пренесува „Скај Спортс“.

Вчера, белгиската фудбалска федерација донесе одлука дефинитивно да го прекине локалниот шампионат и да го прогласи привремениот лидер Бриж, за шампион, со тоа што некои екипи во Холандија и Италија исто така бараат ран крај на сезоната. Сепак, УЕФА инсистира на целосно завршување на кампањата, дури и ако тоа се случи по 30 јуни и влијае на одржувањето на првите рунди на евротурнирите следната сезона.

Писмото, потпишано од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели и претседателот на Европската лига, Ларс-Кристер Олсон, сепак, се нагласува дека здравјето на навивачите и фудбалерите останува главен приоритет во услови на пандемија од КОВИД, 19.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех

Седлоски нов селектор на Македонија