Утрински Весник
Македонија

Негативен е резултатот за коронавирусот на бебето чија мајка е позитивна

Клиника за гинекологија: Ниту еден процес не беше загрозен поради кусиот прекин на струја

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Негативен е резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која беше позитивна на коронавирусот, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

На 31 март, неговата мајка поради отежнато дишење со намалена сатурација, беше веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од каде информираат дека нејзината состојба е стабилна.

Родилката е од Куманово и е на возраст од 27 години.

– Таа беше спроведена и породена во изолација, заради фактот што како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. При приемот, на пациентката освен комплетната лабораторија, веднаш и е земен брис за Ковид- 19. На Клиниката за гинекологија и акушерство со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на суспектен или заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот, информираат од ресорното Министерство. бак/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија