Утрински Весник
Економија

Јагнињата од Дебар ќе се изнесуваат со конвои или преку штафетен утовар и истовар

Јагнињата од Дебар ќе се изнесуваат со конвои или преку штафетен утовар и истовар

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Јагнињата од Дебар ќе бидат изнесени  со возачи за кои ќе биде издадена посебна дозвола или со заштитен конвој на камиони, согласно протоколите на Министерството за здравство што се применуваат и за другите производствени капацитети на ова подрачје, одлучи Владата на денешната седница.

Опција за јагнињата од Дебар, градот кој е под карантин, е и изнесување преку штафетен утовар и истовар.

Претседателот на одгледувачите на овци „Даши“, Скендер Аме, пред три дена за МИА изјави дека околу 8.000 јагниња во Дебар, Центар Жупа и околните села – Могорче, Косоврасти и Отишани, се „заглавени“ поради карантинот и не може да бидат преземени од кланичарите. мч/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Левица: Наместо да се купат вакцини се чека донација која не се знае дали и кога ќе пристигне

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување