Утрински Весник
Македонија

Дебарското муфтиство со добиена донација подмири долгови за лекови на најсиромашните

Дебарското муфтиство препорачува верниците молитвите да ги вршат дома

Дебар, 2 април 2020 (МИА) –  Дебарското муфтиство со донација од дебранец кој живее во САД, подмири долгови што граѓани од ранливите категории ги направиле за набавка на лекови.

– Наш иселеник од САД донираше 2.000 долари за лица на кои им треба помош, посебно во овие тешки денови со појавата на коронавирусот. Одлучивме со овие средства да ги подмириме долговите што овие граѓани ги направиле за набавка на лекови, изјави за МИА, Решат Качалнику, координатор на Дебарското муфтиство.

Досега се опфатени 40 лица кои земале лекови, а се запишувале во аптеки. Нивниот долг е околу 43.000 денари.

– Во овие тешки денови за сите нас, по појавата на коронавирусот во Дебар и прогласувањето на кризната состојба, повеќе наши иселеници кои живеат во САД донираа финасиски средства со кои потоа се набавуваат прехранбени и други производи и им се донираат на лицата кои се во социјален ризик, вели Качалнику.

Додава дека во изминатите денови, 250 семејства добиле пакети со прехранбени и други прозводи во вредност од по 60 односно по 100 долари, додека 65 семејства секојдневно добиваат по две векни леб. вт/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата