Утрински Весник
Спорт

Крај на кошаркарската сезона во Грција, нејасно е дали ќе има шампион

Крај на кошаркарската сезона во Грција, нејасно е дали ќе има шампион

Атина, 2 април 2020 (МИА) – Крај на кошаркарската сезона во Грција. Одлуката е донесена на состанок на Асоцијацијата на клубови и Синдикатот на професионални играчи кој се одржа со видео-конференциска врска.
Заедничкиот заклучок што притоа произлезе е дека нема услови за враќање на кошарката, па затоа и конечното решение за завршување на шампионатот. Она што е сè уште нејасно е дали ќе биде прогласен првак и дали ќе има испаѓање од лигата.
Лидер на табелата во моментот, по 20 одиграни натпревари, е Панатинаикос со скор од 18 победи и два пораза, а во зоната на испаѓање се ПАОК со биланс од пет победи и 15 порази и Арис со 6-14.
Но, тоа, сепак, не е единствениот договор што треба да се направи. Потребен е заеднички јазик и за договорите за плати. Првиот предлог е намалување за 80 отсто, меѓутоа најверојатно е дека на крај кратењето ќе биде 70 отсто.
Крај на кошаркарската сезона досега прогласија и Украина (шампион Дњепар), Литванија, Хрватска, Белгија, Словенија и други земји, како и регионалната ВТБ лига. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство