Утрински Весник
Македонија

ФК „Каменица Саса“ ја продолжува хуманата мисија за поддршка на фудбалерот Томе Јанев

ФК „Каменица Саса“ ја продолжува хуманата мисија за поддршка на фудбалерот Томе Јанев

Македонска Каменица, 2 април 2020 (МИА) – Под мотото „Борбата продолжува, надежта станува посилна“, фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ ја продолжува хуманата мисија за поддршка на Томе Јанев, поранешен фудбалер на Фк „Беласица“ и Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија.

Во рамки на акцијата, како што информираше портпаролот на клубот Дарко Гоцевски, се реализира таканаречена телефонска говорница, која подразбира номинирање на социјалните мрежи преку видеа, донирање и промовирање на броевите за донации за поддршка на Томе Јанев.

-Повикувајќи ги фудбалските љубители да се вклучат во Хуманитарно-фудбалската говорница која ја отвори Мите Митев, морам да потенцирам дека единствена желба годинава ми е победа над коронавирусот и сите кои се борат со болести, годинава да оздрават, а бидејќи денес му е роденден на Томе Јанев би сакал да му го честитам и да му посакам многу здравје во годините што доаѓаат, рече Гоцевски.
Меѓу првите кој го прифати предизвикот е тренерот на ФК „Каменица Саса“, Мите Митев.
-Со големо задоволство ја прифаќам оваа иницијатива за нашиот сакан и мил Томе Јанев кој боледува од тешка болест, затоа ве молам што побргу да донираме и помогнеме тој да оздрави. За таа цел апелирам до сите да донираат на броевите 143 136 и 143 462 на мрежата на А1 и Телеком, рече Митев.
Акцијата како што информираа организаторите ќе трае се до собирање на потребните средства на наредната фаза од лекувањето на Томе Јанев. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?

СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на тере