Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Се зголемува финансиската поддршка за одгледувачи на овци. Наместо 700 денари за задржано женско јагне, ќе добиваат по 1.500 денари, одлучи Владата на денешната седница.
Според Министерството за земјоделство, ваквата одлука е донесена поради проблемите со откупот на јагнето што ги предизвика кризата од коронавирусот.
-Вкалкулирано со основната мерка од 1.000 денари за обележани грла овци, со сегашното зголемување за подмерката за задржано женско јагне од 1.500 по денари по грло, одгледувачите на овци ќе добијат вкупна финансиска поддршка во висина од 2.500 денари за женско јагне, информира Министерството.
Наведува и дека во следниот период ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и извозот на јагне. Во постојaна комуникација е со одгледувачите на овци и со откупувачите, а освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други, алтернативни за извоз на јагнето. мч/сст/