Утрински Весник
Македонија

Единаесет граѓани од Струмица, Валандово, Гевгелија и Радовиш не ја почитувале забраната за движење

Приведени четворица во Велес за напочитување на полицискиот час, во Кавадараци и Неготино по двајца

Струмица, 2 април 2020 (МИА) – Минатата ноќ единаесет граѓани ја прекршиле забраната за движење во определен период на подрачјето на СВР-Струмица, соопштија од полицијата.

Седум од нив се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, две во Радовиш и по едно во Валандово и Гевгелија. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

Од полицијата додаваат дека вчера до Основното јавно обвинителство Радовиш се поднесени шест кривични пријави против дванаесет лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење за време на полицискиот час. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најавен концерт во Скопје на Симон Трпчески по повод 25-годишната кариера

Таткото на Вања е ослободен – Обвинителството не докажа дека помагал во грабнувањето на Вања

69 години од раѓањето на претседателот Борис Трајковски