Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Предложена казна за непочитување на самоизолација во Штип

Приведени три лица од Трубарево поради физички напад и грабеж
300x250 opst2

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Со Предлог за издавање казнен налог поднесен до Основниот суд Штип, Основното јавно обвинителство во Штип побара изрекување парична казна за едно лице поради сторено кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од Кривичниот законик.

Како што информира денеска Јавното Обвинителство, обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции кои се однесуваат на спречување или сузбивање на натамошното ширење на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Откако му бил земен брис за утврдување на присуство на КОВИД – 19, обвинетиот бил предупреден дека треба да продолжи да ја извршува должноста за самоизолација се до добивање на резултатите од тестот. Но, обвинетиот го напуштил домот и отишол на посета кај друг штипјанец.

Обвинителството му предложило на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата”

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

(Видео) Снег во Галичник – 24info.mk