Утрински Весник
Македонија

Чулев оствари средба со резидентната координаторка на ОН, Дуџак

Чулев оствари средба со резидентната координаторка на ОН, Дуџак

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со Росана Дуџак, резидентната координаторка на ОН.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на средбата Чулев ја истакнал исклучителната соработка на МВР со Организацијата на ОН, во чии рамки непречено се одвива и соработката со соодветните Канцеларии на ОН во Скопје, кои преку заеднички проекти вршат поддршка на Министерството и полицијата.

– На состанок стана збор и за можностите за давање поддршка во справувањето со пандемијата од страна на Светската здравствена организација, како и конкретните барања во таа насока упатени до Канцелариите на УНХЦР, УНОДЦ, УНДП, УНИЦЕФ, ОБСЕ и ИОМ, важни за непречена работа на припадниците на МВР вклучени во справувањето со Ковид-19, наведоа од МВР. см/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот