Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Владата очекува дека банките во земјава ќе бидат солидарни во овој момент не гледајќи го само својот интерес и профит. Според премиерот Оливер Спасовски, доколку не сакаат да бидат солидарни, тогаш уредба со законска сила може во секој момент да биде донесена и да дефинираат што треба да направат во банкарскиот систем.
-Разговараме и со Народна банка и комерцијалните банки. Најдовме механизми како да се одложат обврските. Банкарскиот систем е стабилен и тоа е многу важно во оваа криза. Може да се пофалиме дека во регионот имаме еден од постабилните банкарски системи и затоа преземаме мерки што ќе го одржат тој банкарски сектор на ова ниво денес и кој ќе биде за помош на државата и граѓаните. Понудени се неколку решенија и очекуваме да видиме какви ќе бидат ефектите. Очекувам дека менаџменетот на банките во овој момент нема да гледа само на сопствениот интерес и профитот и дека малку ќе погледнат и кон граѓаните и државата. И секако ако тоа не се случува и ако јас и Владата гледаме дека тие не сакаат да бидат солидарни, тогаш уредбата со зкаонска сила може во секој момент да биде донесена и да дефинираме што треба да направиме во банкарскито систем, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во однос на понудите на банките за одложување на обврските по кредите и наплата на камата во перидот за кој е одложено плаќањето.
Инаку, со уредба се даде можност банките да можат да понудат на физичките лица и на компаниите промена на договорните услови. Најголемито дел од банките што ги објавија понудија одлагање на обврските за кредитите на граѓаните до шест месеци, односно заклучно со 30 септември 2020 година. Меѓутоа за одложувањето банките ќе пресметуваат редовна камата.скс/са/