Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Дебар искажа благодарност до полицијата, армијата и граѓаните

Градоначалникот на Дебар искажа благодарност до полицијата, армијата  и граѓаните

Дебар, 2 април 2020(МИА) – Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, денеска им се заблагодари на институциите за соработката во справувањето со актуелната состојба со коронавирусот.

-Искажувам голема благодарност, во мое и во име на граѓаните, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, заедно со началникот на Одделението за внатрешни работи во Дебар, кои во извршувањето на задачата беа на највиско ниво, давајќи го можниот максимум. Признание и благодарност и до припадниците на Армијата на Северна Македонија, кои се грижат за безбедноста на границата, како и на претставниците на ДСЗ и ЦУК со нивната 24-часовна подготвеност, рече Дука.

Тој им се заблагодари и на граѓаните кои ги почитувале препораките на Владата и Министерството за здравство и побара од нив  и понатаму да бидат совесни како до сега.

Дука информираше дека 11 лица од Дебар, кои беа на домашно лекување, денеска ќе бидат тестирани и доколку тестот биде негативен тоа ќе значи дека се излекувани.

-Последните три дена нема дијагностицирани со Ковид-19 од Дебар, а вчера еден од пациентите хоспитализиран во Клиниката за инфективни болести е испишан како излекуван. Од 19 сомнителни случаи кои беа тестирани деновиве, досега, има резултат за 15 од нив и тие се негативни на Ковид-19, додека за четворица се чека резултатот, изјави Дука.

Градоначалникот на Дебар информираше дека фирмата избрана на тендер во текот на вчерашниот ден и ноќта ги исчистила сите улици и улички во градот од снегот, а денеска е пробиен  патот за селото Горно Косоврасти.

Тој додаде дека според предвидениот протокол денеска од Дебар за Германија заминале осум лица  кои беа затекнати со прогласувањето кризна состојба на 13 март.вт/ир

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор