Утрински Весник
Македонија

Многу е важно да се поддржат лицата со аутизам, порачаа од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“

Многу е важно да се поддржат лицата со аутизам, порачаа од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“

Куманово, 2 април 2020 (МИА) – Се одбележува Меѓународниот ден на лицата со аутизам. Дефектолозите од кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, каде настава следат деца со пречки во развојот, денеска порачаа дека оваа состојба со ширење на корона вирусот, посебно ги погодува нивните ученици.

Во посебните паралелки во „Браќа Миладиновци“ има пет ученика со аутизам. Во овој момент се практикува онлјан настава во која наставниците на дневно ниво остваруваат комуникација со родителите и учениците и им даваат насоки, испраќаат материјали за работа и одржуваат предавања преку различни платформи, препорачани од Министерството за образование и наука.

– На лицата со аутизам многу тешко им паќа процесот на изолација и дисциплина во оваа време на пандемија, иако процесот е за доброто на сите нас. Лицата со аутизам се чуствуваат посигурно, посмирено кога веќе се навлезени во некоја рутина во дневното функционирање, во семејството, училиштето. Тука спаѓа точниот редослед на оброците (понекогаш тоа е исто јадење секој ден), прошетки по околина, најчесто по една патека, распоред на часови и слично. Во овој момент секое семејство на лице со аутизам се соочува со потешкотии во оставрувањето на таа стекната рутина во денот и големи се предизвиците во справувањето со изолацијата која е неопходна за зачувувањето на здравјето за сите, вели магистар Милена Илиќ Пешиќ, стручен дефектолог во ОУ „Браќа Миладиновци“ Куманово.

Стручните лица појаснуваат дека е во иднина е потребно да се формира посебен центар за деца и лица со аутизам, каде би се применувале практиките и методите кои се спроведуваат во западно-европските држави.

– Лицата со аутизам се наши сограѓани и наша должност е да им овозможиме да си го најдат своето место и да ги развијат своите потенцијали. Прифаќањето на различноста е првиот чекор кој е неопходно да го направиме доколку сакаме да живееме во општество кое е достојно за сите, изјави Илиќ Пешиќ.

Меѓународниот ден на лицата со аутизам се одбележува на втори април.см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер