Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар утре обука за волонтери кои ќе делат хуманитарна помош

Во Гостивар утре обука за волонтери кои ќе делат хуманитарна помош

Гостивар, 2 април 2020 (МИА) – Регионалниот кризен штаб за трите гостиварски општини утре ќе организра обука за волонтерите и лицата кои планираат да доставуваат хуманитарна помош е еден од заклучоците по денешниот состанок што се одржа во салата на советот на општина Гостивар.

– Невладините организации, хуманитарни здруженија и неформални групи кои распределуваат храна и други производи или тоа го планираат да доставуваат хуманитарна помош за време на пандемија во општините Гостивар, Врапчишите и Маврово-Ростуше ќе треба да ги испратат нивните волонтери на кратка обука за безбедно спроведување на дистрибуција, наведоа од општина Гостивар.

Обуката ќе се почне утре (петок) во 12:00 часот во салата на Советот на општина Гостивар. Инструкции и насоки за безбедна работа ќе даваат експерти од Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје.

Од кризниот штаб нагласуваат дека е формиран Координативен одобор за дистрибуција на помош и за какви било активности преземени надвор од нејзините рамки, одговорноста ќе ја сносат самите правни и физички лица.згм/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер