Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија се поставени дезинфекциски бариери

Во Гевгелија се поставени дезинфекциски бариери

Гевгелија, 2 април 2020 (МИА) – Дезинфекциски бариери за возила, како една од мерките на Општинскиот кризен штаб за заштита од ширење на корона вирусот, од денеска функционираат на влезовите во Гевгелија.

Едната дезинфекциска бариера е поставена пред надвозникот на влезот во градот од кај автопатот,а другата бариера се наоѓа на влезот во Гевгелија на патот од кај Негорци.

Општинскиот кризен штаб, како што информира градоначалникот Сашо Поцков, испратил препорака до Главниот кризен штаб за разгледување на можноста за поставување на дезинфекциска бариера и на граничниот премин „Богородица“.

–Општина Гевгелија оваа мерка ја реализираше во соработка со јавното комунално претпријатие и ОВР Гевгелија, а со останатите надлежни институции, како ПЕ на центарот за јавно здравје и ТППЕ Гевгелија во борбата за спречување и ширење на заразата со Ковид-19 се преземаат сите мерки за заштита на граѓаните, велат од општината.

Со помош на волонтери од граѓански здруженија и Црвениот крст, на терен се спроведуваат акциите за делење на заштитни маски и ракавици, помош на старите и изнемоштени лица и лицата од ранливите категории со достава на прехранбени продукти и лекови, се дезинфицираат влезовите на зградите и улиците во градот и сите населени места на територија на општина Гевгелија. им/aa/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?