Утрински Весник
Македонија

Попладне сончево со мала облачност, утре дожд, од понеделник сончево

Попладне сончево со мала облачност, утре дожд, од понеделник сончево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Времето во претпладневните часови денеска ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени.

Во Скопје сончево со умерена, а попладне со мала облачност. Ќе дува слаб доумерен северен ветер.

Утре во јужните делови ќе биде облачно со врнежи од дожд, а во сабота такво време ќе биде во целата земја. Дожд ќе врне до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен дозасилен североисточен ветер.

Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност