Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој ја прекршил самоизолацијата и заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид

Кривична пријава за скопјанец кој ја прекршил самоизолацијата и заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид

Охрид, 2 април 2020 (МИА) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје.

Тој, на 13 март годинава, кога од Австрија пристигнал во Република Северна Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.

По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга, соопшти полицијата. аб/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сведоштво на Дмитро Олијник во 4TV.mk: Од бомбардирањата во Днепар до безбедноста во Скопје

Украински новинар од Лавов: Без прекин на огнот нема избори – Зеленски и Залужни можни главни ривали

Спасеновски: Светот влегува во ера на „природна состојба“ каде посилниот го наметнува својата волја