Утрински Весник
Македонија

Филипче: Да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19

Филипче: Да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Препорачува да се прочитаат упатствата за домашно лекување на пациенти со полесни симптоми на Ковид-19 кои се наменети за лицата со суспектна или лабораториски потврдена инфекција и се на домашно лекување, како и за членовите на семејството кои доаѓаат во контакт со сомнителен или потврден случај на ова заболување, објавени на линкот https://bit.ly/2UzgeDY  рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Малолетник со нож повредил друг малолетник во игротека во Шуто Оризари

Уапсени четири разбојници, ограбиле малолетници во Градски парк

Филипче: Велигден дава надеж и сила за нови почетоци и подобро општество