Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Непродуктивните трошоци да запрат, капиталните инвестиции да продолжат

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта

Скопје, 2 април 2020 

Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи.

33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат : хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата.

Наместо со реални мерки, СДСМ ги залажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна кризата.

Квази мерките на СДСМ се по принципот ,,Колку да се каже нешто”.

Апелираме да ја надминат својата суета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спас. Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат.

Власта да ги скрати непродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството.

Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото.

Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт