Утрински Весник
Македонија

Надминат проблемот со откупот на дебарските јагниња

Надминат проблемот со откупот на дебарските јагниња

Дебар,1 април 2020 (МИА) – Проблемот со откупот на јагнињата од дебарскиот регион е надминат, информираше градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

При тоа објасни дека фирмите кои вршат откуп треба да се јават во Оперативниот штаб во Дебар, да го кажат името и презимето на возачот и регистарските таблички на возилото.

Според Здружението на сточарите „Даши“, во кое членуваат сточари од Дебар и Центар Жупа, непродадени се над 8.000 јагниња. Во изминатите години откуп вршеа две фирми, една од Гостивар и една од Скопје, а дебарските јагниња главно завршуваа на италијанскиот пазар пред велигденските празници.

На прес – конференцијата безбедносната состојба Дука ја оцени како добра и додаде дека во текот на ноќта не се регистрирани прекршувања на полицискиот час и оти се минало во најдобар ред.

-Вчера и денеска нема новодијагностицирани со „Ковид-19“ од Дебар, а очекуваме резултати од 19 тестови. До сега бројот на заразени е 47 лица од нив четворица починати. Во домашна изолација се се уште 198 лица, од нив денеска 61 лице ќе ја напушти изолацијата. Лицата (26) кои се на домашно лекување денеска ќе бидат тестирани, информираше Дука на прес – конференција.

Информираше и околу расчистувањето на снегот во градот каде дебелината на снежната покривка е над 40, а во повисоките населени места околу 60 сантимтери.

Во расчистување на снегот од улиците во градот и населените места вклучена е соодветна механизација од фирмата која е избрана на тендер, додека снегот од тротоарите во градот го отстрануваат вработените од Јавното комунално претпријатие „Стандард“. вт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор