Утрински Весник
Економија

Трипуновски апелира да им се исплатат субвенциите на тутунарите

Трипуновски апелира да им се исплатат субвенциите на тутунарите

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во објава на Фејсбук апелира земјоделците да бидат приоритет при носење на одлуките на Владата во време на пандемија, укажувајќи дека над 19.000 тутунари ги чекаат субвенциите по предаден килограм тутун и дека тие треба да им се исплатат веднаш.

-Тутунарите кои едвај го продадоа својот тутун сега си ги чекаат заслужените субвенции, тоа се пари кои насушно им се потребни во овој период на криза, како би можеле нормално да функционираат и да ја продолжат својата дејност. Власта не смее да крати од земјоделецот, од народот. Наместо кратење на субвенициите, нека скрати од луксузите. Наместо градење и поправка на згради, парите мора да завршат кај земјоделецот. Во овие тешки времиња инвестицијата во луѓето, а не во материјалните добра е суштинска. Субвенциите за предаден килограм тутун да се исплатат веднаш, напиша Трипуновски на Фејсбук. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата зашто работиме исклучиво во интерес на граѓаните