Скопје, 1 април 2020
Донесени се важни одлуки, државата ги спасува работните места на граѓаните и обезбедува приход за секој човек!
Преку конкретни мерки за зачувување на секое работно место и директна помош за сите граѓани, за работниците, за стопанството ќе ја надминеме економската криза, која доаѓа како последица од борбата со коронавирусот.
Владата усвои втор голем пакет на економски мерки за справување со економската кризата, вреден 200 милиони евра, кои имаат за цел да го ублажат економскиот удар и да им помогнат на граѓаните и работниците.
Ги поддржуваме одлуките на Владата и го поздравуваме фактот што усвои голем дел од економските мерки што ги предложивме, но и донесе дополнителни мерки.
Со овие мерки, опфатени се граѓаните, работниците, малите и средните претпријатија, дуќаните, занаетчиите, и оние што се дел од неформалната економија, спортистите, уметниците…
– Обезбедуваме финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од фирмите погодени од здравствено-економската криза, минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај за секој работник.
– За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци.
– За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, како и за самостојните уметници обезбедена е минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.
– Се грижиме и за лицата во неформалната економија. Обезбедуваме надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници.
– Во духот на солидарноста и неопходните заштеди сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.
– Дополнително, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, претседатели и членови на Советите во општините, а кои се вработени нема да примаат надомест за времетраење на кризата.
За нас секој граѓанин, секој работник, секое работно место и секоја фирма и компанија се важни.
Време е за солидарност и заедничка акција во борбата против коронавирусот и санирање на екононските последици од оваа глобална пандемија, од оваа најголема закана по Втората светка војна.
СДСМ во изминатите две и пол години покажа дека знае и може преку конкретни политики да се справи со сериозни предизвици и да постигне успешни резултати.
Заедно, преку посветена работа и со реализација на конкретни мерки ќе ги надминеме и овие предизвици, ќе се справиме со здравствената и со економската криза.
Прес-конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
[ВО ЖИВО:] Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
[ВО ЖИВО:] Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Среда, 01 април 2020
_________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.