Утрински Весник
Македонија

Донација од фудбалскиот репрезентативец Костадинов за гевгелиската болница

Донација од фудбалскиот репрезентативец Костадинов за гевгелиската болница

Гевгелија,1 април 2020 (МИА) – Младиот фудбалер од Миравци, Тихомир Костадинов,член на нашата најдобра селекција кој сега игра за словачкиот прволигаш Ружомберок, донираше пари за опремување на Општата болница во Гевгелија.

Дел од средствата ќе бидат наменети за опремување на детското, а дел за опремување на интерното одделение. Поради актуелната состојба со корона вирусот, првенството на Словачка е во прекин и Тихо се наоѓа кај своите во Миравци.

За својот хуман гест не сакаше многу да зборува и само кратко рече дека во ова време-невреме  нормално е секој што може да помогне според своите можности.

Раководтвото на гевгелиската Општа болница му изрази голема благодарност на Костадинов за неговата хумана постапка и за донираните средства кои ќе бидат искористени за опремување на дел од болницата. им/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”