Утрински Весник
Македонија

Во Радовиш засега нема позитивни на коронавирус

Во Радовиш засега нема позитивни на коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 1 април 2020 (МИА) – Според извештаите на Центарот за јавно здравје од Штип сите тестирани лица од Радовишко во перидот од 25 до 30 март се негативни, информираше денеска градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

На територијата на оштината 15 лица се под контрола, од кои 13 се во самоизолација, а две се со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Како општина постојано преземаме мерки во наша надлежност. ЈП „Плаваја“ поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај село Раклиш, а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај „Јака Табак“, а се врши и редовна дезинфекција на јавните површини. Општината обезбеди и 120 прехранбени пакети, кои се поделени на ранливите категории граѓани заедно со мобилниот тим на Црвениот крст, додаде градоначалникот Конзулов.

До Основното јавно обвинителство во Радовиш се поднесени 12 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале мерките за забрана за движење за периодот од 20 до 26 март. рт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведена жена од гостиварско, украла златен накит во вредност од 9.000 евра

Владата разгледува кризна состојба, греењето ќе се обезбеди со државни резерви на мазут

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух